AS United стартува со импресивен состав: Женскиот Ronaldinho, три бразилки и две познати репрезентативки го подигаат тимот на ново ниво!
AS United Struga влегува во новата сезона со вистинска бомба која ќе го раздвижи македонскиот женски фудбал! Тимот се засилува со врвни интернационалки од Бразил и Перу, како и две домашни ѕвезди познати на целата јавност.
Меѓу новите имиња е и Anna Beatriz Tarantino, наречена „Женскиот Ronaldinho“, чија магија со топката може да промени тек на секој меч. Заедно со неа пристигнуваат уште две бразилки – играчи со неверојатна креативност, брзина и техничка прецизност, кои носат нова енергија и стил во играта. Од Перу доаѓа засилување кое додава сигурност и непредвидливост на теренот, правејќи го тимот уште поразноврсен.
На тоа се надоврзуваат две македонски репрезентативки, кои со своето искуство и лидерство се подготвени да го поведат AS United кон врвот.
Со вакви засилувања, AS United не само што станува посилен, туку и испраќа јасна порака: титулата оваа сезона е повеќе од остварлива цел.